Page 18 - Упатство
P. 18
− Статистички податоци на запишани кандидати на Академијата за судии и јавни
обвинители со кратки биографии и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.4.Област - ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Од добиените податоци, во областа на внатрешните работи се барани следните информации:
− Листа на сите лица вработени во институцијата со податоци за називот, односно звањето
на позицијата на која се распоредени, службен е-маил и службен телефон,
− Постапка за добивање на патни исправи, со потребни документи, образец на барање,
адреса за поднесување на барањето
− Постапка за издавање и регистрација на оружје, со потребни документи, образец на
барање, адреса за поднесување на барањето
− Постапка за стекнување, престанување и утврдување на државјанството на РСМ, со
потребни документи, образец на барање, адреса за поднесување на барањето
− Статистички податоци во врска со број на регистрирани кривични дела, нарушувања на
јавниот ред и мир и од областа на сообраќајот
− Статистички податоци во врска со илегалната миграција, мигранти и баратели на азил
− Статистички податоци во врска со семејно и родово базирано насилство.
− Статистички податоци за број на издадени лични карти
− Статистички податоци за број на издадени патни исправи
− Статистички податоци за заплена на дрога и други опојни супстанции
− Статистички податоци за преземени и изречени дисциплински мерки и санкции на
полициски службеници.
− Статистички податоци за регистрирани возила и возачки дозволи и
− Целокупна документација за спроведени јавни набавки.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на внатрешните
работи, освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб
страните треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за внатрешни работи:
− Листа на сите полициски станици со контакт податоци (адреса, електронска адреса,
телефонски број и др.)
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за издавање на изгубена, оштетена и пополнета патна исправа (пасош)
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за издавање на патна исправа (пасош) на малолетно лице,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за издавање на патна исправа (пасош) по итна постапка,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за издавање на лична карта,
17