Page 17 - Упатство
P. 17
o Биро за судски вештачења:
− Листа на судски вештаци (адреса и електронска адреса),
− Податоци за Комора на вештаци (претседател, адреса, електронска адреса,
надлежности, годишни извештаи за работа),
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за стекнување на лиценца за вештак,
− Статистички податоци и извештаи за работата на вештаците (број на добиени предмети
во работа, број на процесуирани предмети, број на заостанати предмети, приказ на
предметите по области, наплатени надоместоци) и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Судски совет и судови:
− Листа на сите судови со контакт податоци (адреса и електронска адреса),
− Статистички податоци и извештаи за работата на секој суд и судија (број на добиени
предмети во работа, број на решени предмети, број на заостанати предмети, приказ на
предметите по области, поднесени жалби, уважени жалби и поништени пресуди),
− Записници од извршен надзор во судовите во однос на примената на Судскиот
деловник,
− Постапка за избор на судии,
− Податоци за кандидати и за ново именувани судии (име и презиме, адреса, електронска
адреса, биографија, избрани кандидати и не избрани кандидати),
− Статистички податоци и извештаи за работата на секој суд и судија (број на добиени
предмети во работа, број на решени предмети, број на заостанати предмети, приказ на
предметите по области, поднесени жалби, уважени жалби и поништени пресуди) и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Јавно обвинителство на РСМ и Совет на јавни обвинители:
− Листа на сите обвинителства со контакт податоци (адреса и електронска адреса),
− Постапка за избор на јавни обвинители,
− Податоци за кандидати и за ново именувани обвинители (име и презиме, адреса,
електронска адреса, биографија, избрани кандидати и не избрани кандидати),
− Статистички податоци и извештаи за работата на обвинителство и обвинител (број на
добиени предмети во работа, број на процесуирани предмети, број на заостанати
предмети, приказ на предметите по области, уважени жалби и поништени пресуди) и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Академија за судии и јавни обвинители:
− Постапка и потребни документи за запишување на Академија за судии и јавни
обвинители,
16