Page 14 - Упатство
P. 14
4.1.Област – ОДБРАНА
Нема податоци за барани информации согласно Законот за слободен пристап до информации
од јавен карактер.
Надлежни институции: Министерството за одбрана и Армијата на РСМ
Поради класифицираност на најголемиот дел од информациите, овие институции се должни да
ги објават општите информации од јавен карактер од членот 10 на ЗСПИЈК. Но и од овие
информации некои може да бидат класифицирани.
4.2.Област – БЕЗБЕДНОСТ
Нема податоци за барани информации согласно Законот за слободен пристап до информации
од јавен карактер.
Надлежни институции: Агенција за национална безбедност, Оперативно – техничка агенција,
Агенција за разузнавање.
Поради класифицираност на најголемиот дел од информациите, овие институции се должни
да ги објават општите информации од јавен карактер од членот 10 на ЗСПИЈК. Но и од овие
информации некои може да бидат класифицирани.
4.3.Област – ПРАВОСУДСТВО
Од добиените податоци, во областа на правосудството се барани следните информации:
− Годишни извештаи за работата на судовите,
− Информации за изборот на судии,
− Информации за спроведено оценување на судии,
− Информации за степенот на пристапност на судските објекти за лица со попреченост,
− Одлуки по судски предмети,
− Податоци за број на жалбени постапки во Апелациони судови,
− Податоци за број на јавни обвинители,
− Податоци за број на кривични пријави до јавните обвинителства по различни основи
− Податоци за број на поднесени, одобрени и одбиени предлози за определување на
мерката притвор,
− Податоци за број на постапки во кои на граѓаните им е одобрена бесплатна правна
помош,
− Податоци за број на реализирани јавни седници по судови,
13