Page 13 - Упатство
P. 13

4.ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ПО ОБЛАСТИ

               Од информациите кои имаат јавен карактер, а кои согласно членот 10 став 1 задолжително треба
               да бидат објавувани, најголеми проблеми и различни толкувања има последната алинеја „ други
               информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информацијата“. Имено
               со оглед на фактот што сите институции имаат голем број на надлежности од кои се продуцираат
               огромен  број  на  информации  од  јавен  карактер,  секогаш  останува  отворено  прашањето  дали
               институциите доследно ја почитуваат обврската да ги објават сите информации од јавен карактер
               кои  произлегуваат  од  нивната  надлежност  и  секојдневна  работа.  Доследната  примена  на  оваа
               обврска би значела објавување на секоја информација и документ кои се продукт и произлегуваат
               од секојдневната работа освен оние кои се класифицирани, содржат лични податоци, ја загрозуваат
               доверливоста  на  даночните  постапки,  би  имале  штетни  последици  на  истражни,  кривични,
               прекршочни, граѓански и управни постапки или ја загрозуваат интелектуалната сопственост.

               Во  овој  дел  од  упатството  ќе  бидат  прикажани  податоците  кои  најчесто  се  побарувани  од
               институциите  во  претходниот  период  и  тоа  по  сектори,  а  дополнително  утврдена  е  и  листа  на
               информации која произлегуваат од надлежностите на самите институции и кои би требало да ги
               објавуваат на своите веб страни, за да доследно го почитуваат законот но и за да се намали бројот
               на поединечни барања во иднина кои секогаш ја усложнуваат и дополнително ја бирократизираат
               секојдневната работа на институциите. Голем дел од овие информации се веќе објавени на веб
               страните  на  надлежните  институции,  а  останува  обврската  истите  во  иднина  тековно  да  бидат
               ажурирани.

               Обврската за институциите да ги објавуваат информациите од јавен карактер е релативно нова и
               претставува  дополнителна  обврска  за  која  се  потребни  технички  и  човечки  капацитети,  како  и
               воспоставување  на  соодветен  методолошки  пристап  за  наједноставно  прибирање,  обработка  и
               објавување на информациите од јавен карактер. Заради тоа примената на оваа упатство треба да
               биде  во  неколку  фази,  односно  на  почеток  треба  да  се  објават,  односно  ажурираат  оние
               информации кои не бараат дополнителна обработка, а понатаму да се планираат активности и да
               се  воспостават  методологии преку кои  на  среден  рок ќе бидат  објавени и  оние информации  и
               податоци кои бараат дополнителен ангажман за обработка.
















                                                             12
   8   9   10   11   12   13   14   15   16   17   18