Page 15 - Упатство
P. 15
− Податоци за број на спроведени истражни постапки од јавните обвинителства по
различни основи,
− Податоци за број на судии,
− Податоци за број на барања за изземање на судии,
− Податоци за број на застарени предмети по судовите,
− Податоци за број на обвинети и осудени лица,
− Податоци за број на примени тужби,
− Податоци за добиени претстави и
− Податоци за судски предмети, статус на предмети, област на судскиот предмет,
предметен судија.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на правосудството,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за правда:
− Листа на сите судови со контакт податоци (адреса и електронска адреса),
− Листа на сите обвинителства со контакт податоци (адреса и електронска адреса),
− Листа на судски вештаци (адреса и електронска адреса),
− Листа на судски преведувачи (адреса и електронска адреса),
− Листа на нотари (адреса и електронска адреса),
− Листа на извршители (адреса и електронска адреса),
− Листа на медијатори (адреса и електронска адреса),
− Листа на адвокати кои работата бесплатна правна помош,
− Листа на казнено поправни установи (адреса и електронска адреса),
− Постапка и потребни документи за остварување на правото на бесплатна правна помош,
− Статистички податоци за адвокатите кои застапувале граѓани преку бесплатна правна
помош (број на предмети, број на рочишта, наплатени надоместоци),
− Постапка за остварување на правото на надзор над работата на нотарите, со потребни
документи, образец на барање, адреса за поднесување на барањето,
− Постапка за остварување на правото на надзор над работата на извршителите, со
потребни документи, образец на барање, адреса за поднесување на барањето,
− Записници и решенија од извршен надзор над нотарите,
− Записници и решенија од извршен надзор над извршителите,
− Записници од извршен надзор во судовите во однос на примената на Судскиот деловник
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за стекнување на лиценца за судски преведувач,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за стекнување на лиценца за медијатор,
− Постапка, потребни документи, испитни сесии, надоместок и сметка за плаќање на
надоместок за полагање на правосуден испит,
− Постапка, потребни документи, испитни сесии, надоместок и сметка за плаќање на
надоместок за полагање за нотар,
− Постапка, потребни документи, испитни сесии, надоместок и сметка за плаќање на
надоместок за полагање за извршител,
14