Page 10 - Упатство
P. 10
○ годишен финансиски план на институцијата и
○ програми за реализација на буџетот со наведување на предвидените средства
за секоја од стоките и услугите во програмата.
14. Ревизорски извештај и тоа:
○ извештаи од внатрешни ревизии,
○ извештаи од ДЗР и
○ извештаи од приватни ревизорски куќи кои биле ангажирани.
15. Видови услуги кои ги даваат имателите на информации (информации за физичката
достапност за остварување на услугите и информации за е-услугите, податоците за
законските основи, називот на услугите, документите и податоците потребни за
остварување на секоја од услугите, механизмите за правна заштита и други релевантни
податоци) и тоа:
○ листа на сите услуги кои ги дава институцијата,
○ листа на услуги кои се достапни електронски,
○ адреса на канцеларијата во која граѓаните можат да ја остварат услугата,
○ линк на кој може да се пристапи до електронските услуги,
○ законските основи за секоја од услугите,
○ називите на услугите,
○ обрасци на барања за секоја од услугите,
○ жиро сметка како и други податоци за надоместоците кои треба да се платат за
да се остварат услугите,
○ листата на докази и податоци кои се потребни да се достават со барањето за да
се оствари услугата,
○ правото на правна заштита (жалба, тужба, приговор и др.) кои е загарантирано
во случај на одбивање на барањето за услугата со наведување на надлежна
институција до која се доставува жалбата, тужбата, односно приговорот,
нејзината адреса, износот на административна или судска такса доколку се
плаќа, жиро сметката на која се плаќа и
○ електронска адреса, контакт лице, ИТ систем односно друг механизам за
мерење на задоволството и вклучување на граѓаните во креирање на услугите.
16. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти и тоа:
○ тарифник за надомест за добивање на реален акт (јавни информации, уверенија
и други реални акти) и тоа:
○ жиро сметка на која се плаќа надоместокот,
○ барањето за издавање на реалните акти,
○ адресата на која се доставува барањето,
○ рокот за издавање на реалните акти и
○ правната заштита (приговор) против реалните акти.
17. Начин на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно
и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски
пат) и тоа:
○ листа на сите информации од јавен карактер,
○ начин на поднесување на барањето,
○ адреса (физичка и електронска) за поднесување на барањето и
9