Page 5 - Упатство
P. 5
2.ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН
КАРАКТЕР
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер регулира многу широк концепт на
информации од јавен карактер, односно согласно законот информација од јавен карактер е
информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата
согласно со неговите надлежности. Единствен исклучок од слободниот пристап до информации од
јавен карактер се следниве информации:
• информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со
соодветен степен на класификација;
• личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
• информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
• информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за
спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни
последици за текот на постапката;
• информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост
(патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).
Дури и овие информации стануваат информации од јавен карактер кога ќе престанат причините за
нивната недостапност.
Законот дава можност имателите на информации да одобрат пристап до информација која не е од
јавен карактер, по задолжително спроведениот тест на штетност со кој ќе се утврди дека со
објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од
јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Ако е возможно да се оддели делот од документот кој не е од јавен карактер без притоа да се
загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот
и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот.
Она што сите институции треба да го имаат во предвид при примена на Законот за слободен пристап
до информации од јавен карактер е следното:
• Институциите и другите иматели на информации од јавен карактер задолжително мора
да имаат веб страни, кои ќе бидат ажурно водени.
• Институциите по правило ги објавуваат информациите кои тие ги произвеле при својата
работа, но може да објавуваат и други информации со кои располагаат, а кои
произлегуваат од нивната надлежност.
• Институциите задолжително ги ажурираат информациите од јавен карактер кои се
должни да ги објават. Не смее да се случи определени информации да се корегирани,
променети или целосно заменети со нови а при тоа да не бидат ажурирани
4