Page 6 - Упатство
P. 6

информациите  од  јавен  карактер  (на  пример  промена  на  интерни  акти,  промена  на
                         службено лице за информации од јавен карактер, промена на пропис и сл.).
                      •  Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени
                         лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. Институциите
                         се должни да обезбедат информирање на јавноста за службеното лице за посредување
                         со  информации  со  објавување  на  одлуката  за  назначување  на  службеното  лице  и
                         неговите контакт податоци (службена физичка адреса, службена електронска адреса,
                         службен телефон и службен мобилен телефон и други контакт податоци).
                      •  Службеното  лице  за  посредување  со  информации  контактира  и  ги  дава  потребните
                         информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција
                         за примањето на барања за информации, чувањето и давање на информациите.
                      •  Повеќе иматели на информации можат заедно да определат едно или повеќе службени
                         лица  за  посредување  при  остварувањето  на  правото  на  слободен  пристап  до
                         информации.

                      •  Институциите  на  јавниот  сектор  информациите  од  јавен  карактер  се  должни  да  ги
                         објавуваат  во  обработлив  формат,  а  доколку  се  објавуваат  информации  од  повеќе
                         институции и области тие податоци треба да бидат споредливи. Статистичките податоци
                         по правило се објавуваат во „excel“ формат или во формати на отворени податоци како
                         CSV, XML и JSON, а документите во „word“, „PDF“ или друг обработлив формат.
                      •  Информациите  и  документите  кои  содржат  лични  податоци  се  објавуваат  со
                         анонимизирање и псевонимизирање.
                      •  Информациите  од  јавен  карактер  по  правило  се  објавуваат  во  изворен  формат,  но
                         определени  информации  кои  се  од  јавен  карактер  може  да  се  објавуваат  и  преку
                         објавување  на  линкови  до  тие  информации  на  други  веб  локации.  Ова  особено  се
                         однесува  на  надредените  институции кои  под  себе  имаат  повеќе  институции  до  чии
                         информации од јавен карактер може да се објавуваат линкови.
                      •  Кога  се  објавуваат  контакт  податоци  задолжително  се  објавуваат  службени  контакт
                         податоци, а не и приватни контакт податоци.


               Под анонимизација на податоците се подразбира целосно отстранување на сите лични податоци и
               податоците за настаните и доказите и изјавите презентирани во постапката кои би можеле да го
               откријат идентитетот на лицето.

               Под псевдонимизацијата се подразбира замена на личните податоци на таков начин што тие повеќе
               не  можат  да  се  поврзат  со  одредено  лице  (субјект  на  лични  податоци)  без  употреба  на
               дополнителни информации.

               Доколку имателот на јавни информации ги објавува јавните информации во форма на отворени
               податоци,  тогаш  тоа  се  врши  на  централниот  портал  за  отворени  податоци  data.gov.mk,  каде
               податоците се објавуваат во компјутерски обработлив формат (CSV, XML и JSON) и соодветно се
               систематизирани и дефинирани со мета податоци.








                                                             5
   1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11