Page 7 - Упатство
P. 7

3.МИНИМУМ ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР КОИ

               ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА ВЕБ

               СТРАНИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ


               Институциите се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие
               располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и
               друго).


               Согласно  со  членот  10  од  Законот  за  слободен  пристап  до  информации  од  јавен  карактер,
               институциите и другите иматели на информации од јавен карактер се должни да ја информираат
               јавноста преку својата интернет страница со објавување на:

                   1.  Податоците за надлежностите кои ги извршува институцијата и тоа:
                              ○  извадок од законот во кој се утврдени надлежностите на институцијата,
                              ○  извадок на законот со кој се утврдени надлежностите на раководното лице на
                                 институцијата  (министер,  заменик  министер,  директор,  заменик  директор,
                                 претседател итн.),
                              ○  извадок  од  законот  со  кој  се  утврдени  надлежностите  на  управните  и
                                 надзорните  органи  (управен  одбор,  надзорен  одбор,  училишен  одбор,  совет
                                 итн.) доколку ги има,
                              ○  извадок  од  основачкиот  акт  (статут)  доколку  го  има  со  кои  се  утврдени  или
                                 допрецизирани надлежностите на институцијата,
                              ○  извадок  од  основачкиот  акт  (статут)  доколку  го  има,  со  кој  се  утврдени
                                 надлежностите  на  раководното  лице  на  институцијата  (министер,  заменик
                                 министер, директор, заменик директор, претседател итн.) и
                              ○  извадок  од  основачкиот  акт  (статут)  доколку  го  има,  со  кој  се  утврдени
                                 надлежностите  на  управните  и  надзорните  органи  (управен  одбор,  надзорен
                                 одбор, училишен одбор, совет итн.) доколку ги има.

                   2.  Основните податоци за контакт со институцијата и тоа:
                              ○  назив,  адреса,  телефонски  број,  број  на  факс,  е-маил  адреса  и  адресата  на
                                 интернет страницата на институцијата и
                              ○  назив,  адреса,  телефонски  број,  број  на  факс,  е-маил  адреса  и  адресата  на
                                 интернет  страницата  на  сите  подрачни  одделенија  односно  организациони
                                 единици кои се наоѓаат надвор од седиштето на институцијата, кога граѓаните ги
                                 остваруваат своите права и правни интереси на локално ниво.

                   3.  Податоците  за  функционерот  или  одговорното  лице  кај  имателот  на  информацијата
                       (биографија, податоци за контакт и друго) и тоа:
                              ○  биографија на раководното на раководното лице на институцијата (министер,
                                 заменик министер, директор, заменик директор, претседател итн.),
                              ○  биографија  на  членовите  управните  и  надзорните  органи  (управен  одбор,
                                 надзорен одбор, училишен одбор, совет итн.) доколку ги има,





                                                             6
   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12