Page 8 - Упатство
P. 8

○  службен  телефонски број,  службен број  на  факс, службена  физичка  адреса и
                                 службена е-маил адреса на раководното на раководното лице на институцијата
                                 (министер, заменик министер, директор, заменик директор, претседател итн.) и
                              ○  службен  телефонски број,  службен број  на  факс, службена  физичка  адреса и
                                 службена е-маил адреса на членовите управните и надзорните органи (управен
                                 одбор, надзорен одбор, училишен одбор, совет итн.) доколку ги има.

                   4.  Основните  податоци  за  контакт  со  службеното  лице  овластено  за  посредување  со
                       информации и тоа:
                              ○  име и презиме, службена е-маил адреса, службен телефонски број и одлука за
                                 овластување  на  службеното  лице  во  институцијата  за  посредување  со
                                 информации од јавен карактер.

                   5.  Основните податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување и
                       тоа:
                              ○  име и презиме, службена е-маил адреса и службен телефонски број на лице во
                                 институцијата овластено за заштитено внатрешно пријавување.

                   6.  Список на лица вработени кај имателот на информацијата со позиција, службен е-маил и
                       службен телефон
                              ○  листа  на  сите  лица  вработени  во  институцијата  на  неопределено  време  со
                                 податоци за називот, односно звањето на позицијата на која се распоредени,
                                 службен е-маил и службен телефон и
                              ○  листа  на  сите  лица  вработени  во  институцијата  на  определено  време  со
                                 податоци за називот, односно звањето на позицијата на која се распоредени,
                                 службен е-маил и службен телефон.

                   7.  Законите кои се однесуваат на надлежноста на институцијата, поврзани со регистарот на
                       прописи објавени во службеното гласило,
                              ○  сите закони во кои се регулира надлежност на институцијата.

                   8.  Прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на информацијата
                       во вид на подзаконски акт: правилници (правилник за внатрешна организација, правилник
                       за систематизација на работните места, правилник за заштитено внатрешно пријавување и
                       друго), уредби, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за
                       извршување на законите и други прописи, кога за тоа се овластени со закон и тоа:
                              ○  статут доколку го има
                              ○  функционална анализа,
                              ○  правилник за внатрешна организација,
                              ○  правилник за систематизација на работните места,
                              ○  правилник  за  процесот  на  управување  со  системот  на  заштита  на  личните
                                 податоци,
                              ○  правилник за заштитено внатрешно пријавување,
                              ○  правилник за плати,
                              ○  колективен договор,
                              ○  политика за приватност,
                              ○  годишен план за вработување,
                              ○  програма за волонтирање,

                                                             7
   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13