Page 115 - Секретаријат за законодавство
P. 115

рубрики во Изјавата, во зависност дали станува збор за секундарни извори
                на правото на ЕУ коишто имаат задолжителен или незадолжителен карак­
                тер, и според тоа дали е потребна кореспондентна табела за нив така што,
                кога станува збор за секундарен извор на правото кој има задолжителен ка­
                рактер во Мислењето на Секретаријатот за зако­ нодавство, се наведуваат
                точките 2 и 3, и за него постои кореспондентна табела.
                Доколку, освен со одредбите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација,
                се врши усогласување на националниот пропис и со другите извори на пра­
                вото на ЕУ од рубриката 3.3. или 3.4., за коишто не се изготвува кореспон­
                дентна табела, во рубриката а) се наведува дека потполната согласност на
                Секретаријатот за законодавство се однесува на точката 2 и точката 3.3, или
                3.4 од Изјавата за усогласеност.

                Во случај кога националниот пропис не е предмет на усогласување со пра­
                вен акт на ЕУ и за истиот нема ЕПП број, па според тоа не се изготвува
                Изјава за усогласеност и кореспондентна табела, не се изготвува ниту ми­
                слењето на Секретаријатот за законодавство.
                Мислењето на Секретаријатот за законодавство се доставува до ресор­
                ното министерство што го изготвило подзаконскиот акт, пред неговото
                објавување  во  „Службен  весник  на  Република  Македонија“.  Доколку
                станува збор за акт на Владата на Република Македонија, мислењето на
                Секретаријатот за законодавство за овој национален пропис се доставува
                до Владата на Република Македонија, доколку станува збор за закон, от­
                како овој акт ќе ја помине владината процедура, истиот се доставува со
                Изјавата за усогласеност и кореспондентните табели до Собранието на
                Република Македонија. Примерок од сите мислења на Секретаријатот за
                законодавство се чува во архивата на Секретаријатот.
                                                * * *

                Се надеваме дека Прирачникот како алатка која треба да им послужи на
                сите субјекти вклучени во процесот на усогласување на законодавство­
                то на Република Македонија со законодавството на Европската унија, ќе
                овозможи унифицирано постапување на сите субјекти во овој процес, а
                воедно ќе претставува и основа на веќе утврдената пракса и досегашните
                сознанија, со цел да се изградат нови механизми и инструменти, како и
                да се усовршат веќе постоечките, во согласност со тоа што го наметну­
                ва секојдневниот процес, а сè со цел за што поуспешно завршување на
                задачата­ усогласување и усвојување на правото на Европската унија во
                националното законодавство на Република Македонија, како еден од кри­
                териумите за нејзино членство во Европската унија.


                                                                                113
   110   111   112   113   114   115   116   117   118   119   120