Page 4 - Упатство
P. 4

1.ВОВЕД


               Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република
               Северна Македонија“ бр. 101/2019) го утврдува начинот на остварување на правото за слободен
               пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат институциите од јавниот сектор и
               останатите  субјекти  што  вршат  јавни  овластувања,  а  со  главна  цел  зголемување  на
               транспарентноста и отчетноста.

               Физички  и  правни  лица  може  да  доставуваат  барања  за  информации  од  јавен  карактер  до
               имателите на информации од јавен карактер, а имателите се должни да одговорат во предвидениот
               рок.


               Поднесувањето  на  барања  за  добивање  информации  од  јавен  карактер  е  на  некој  начин
               усложнување  во  начинот  на  добивање  на  информациите  за  барателите,  но  и  одговарањето  на
               барањата може да претставува значителен ангажман на администрацијата во институциите при
               собирањето на потребните информации и одговарање на барањата. Со оглед на тоа, проактивното
               објавување на информации од јавен карактер би било во корист и на барателите и на имателите на
               информациите.


               Подготовката на ова Упатство се одвиваше преку заедничка работа на неколку клучни институции,
               и тоа: Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија
               задолжена за политики на добро владеење, кои го координираа процесот, Агенцијата за слободен
               пристап  до  информации  од  јавен  карактер  кои  ги  прибраа  информациите  од  имателите  на
               информации  од  јавен  карактер  утврдени  со  закон,  за  најчесто  побаруваните  информации  во
               изминатите 3 години, односно во периодот од јануари 2020 година до 30.06.2022 година, како и
               Центарот за управување со промени (ЦУП) кој врз основа на добиените податоци и инпутите од
               споменатите  две  институции,  изработи  систематизиран  преглед  на  пристигнати  барања  на
               информации од јавен карактер утврден врз основа на имателите на информации од јавен карактер.


               Овој  документ  ги  презентира  најбараните  информации  од  јавен  карактер  врз  основа  на
               изработениот преглед на пристигнати барања, но ги презентира и останатите информации од јавен
               карактер  кои  би  можеле  да  се  објавуваат  согласно  релевантната  законска  регулатива.
               Информациите се претходно воопштени и систематизирани по сектори.


               Документот нема за цел да прикаже дека систематизираните информации од јавен карактер не
               биле објавувани од имателите до сега (бидејќи тоа може и да не е случај), туку дава препораки кои
               информации е пожелно да се објавуваат заради унапредена транспарентност и отчетност, но и
               зголемена ефикасност во пристапот на слободен пристап до информации за јавен карактер и за
               барателите и за имателите.





                                                             3
   1   2   3   4   5   6   7   8   9