Page 69 - Упатство
P. 69
степен, бројот на решени предмети, рокот на решавање и бројот на заостанати
предмети,
− Статистички податоци за бројот на поднесени жалби на граѓаните до Државната
комисија за одлучување во втор степен во инспекциска и прекршочна постапка, бројот
на решени предмети, рокот на решавање и бројот на заостанати предмети и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.29.Област - КОМУНИКАЦИИ
Од добиените податоци, во областа на комуникациите се барани следните информации:
− Број на активни претплатници,
− Број на спорови меѓу корисниците,
− Ниво на сигнал,
− Број на повици на бројот 190,
− Вид на обуки за вработените,
− Број на поднесени приговори,
− Целокупна документација за јавни набавки,
− Листа на избришани онлајн групи и
− Извештаи за случени компјутерски инциденти.
Во насока на доследна имплементација на законот, во областа комуникациите освен
податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба
да ги објават и најмалку следниве информации:
o Агенција за електронски комуникации:
− Статистички податоци за работата на комисијата, наплатените надоместоци и
потрошените средства,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
избор на давател на универзална услуга,
− Документација за склучување на договор со давател на универзална услуга,
− Договор со давателот на универзална услуга,
− План за намена на радиофреквенциски опсези,
− План за доделување и користење на радиофреквенции
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
добивање на одобрение за користење на радиофреквенции,
− План за нумерација на броевите кои ги користат операторите,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
доделување на броеви и/или серии на броеви кои ги користат операторите и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
68