Page 66 - Упатство
P. 66
o Министерство за информатичко општество и администрација:
− Листа на сите информатички системи во државата,
− Листа на ИКТ опрема со која располагаат институциите,
− Извештај за бројот на електронски услуги остварени од граѓаните,
− Извештај за потрошени средства за развој на нови ИКТ системи,
− Извештај за потрошени средства за одржување на постојните ИКТ системи,
− Листа на електронски услуги кои се нудат од институциите и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o МАРНЕТ
− Постапка, потребни документи и надомест за купување на домен и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.28.Област - ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Од добиените податоци, во областа на администрацијата се барани следните информации:
− Катастарски податоци за седиштето и подрачните канцеларии на Државниот управен
инспекторат,
− Информации за надлежности и овластувања на управните инспектори,
− Целокупна документација поврзана со јавни набавки,
− Податоци за вработените по возраст, пол, образование, стаж, вработувања, престанок
на работен однос, членство во синдикат,
− Информации за користење буџетски средства како последица на ковид пандемијата
− Акредитивните писма на амбасадорите,
− Донесени решенија за помилувања,
− Информација за надлежностите за помилување на Претседателот,
− Информации за членови, биографии и надоместоци на управни и надзорни одбори,
− Податоци за трошоци за службени патувања,
− Информации за реализација на проектни активности,
− Податоци за трошоци за репрезентација,
− Податоци за корисници на владините економски мерки за справување со последиците
од ковид кризата,
− Податоци за корисници на останатите владини економски мерки,
− Документи поврзани со седниците на Владата (агенда, записници…),
− Податоци за трошоци кон авторски агенции,
− Постапка, критериуми, начин на евалуација и резултати, за распределување на средства
на здруженија и фондации,
− Жалби добиени од здруженија и фондации по постапки за распределување на средства,
− Склучени Меморандуми за соработка,
− Податоци за склучени договори и реализирани плаќања кон новинари и медиуми,
− Договори со странски и домашни инвеститори за државна помош,
− Податоци за службените возила на Владата и министерствата,
− Податоци за отуѓување на државно земјиште,
65