Page 65 - Упатство
P. 65

−  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.


                       o  Агенција за филм:
                       −  Листа на проекти одобрени за финансирање како и на одбиени проекти со содржина на
                          самите проекти кои се одобрени и одбиени,
                       −  Извештај  за  реализација  на  одбраните  проекти  како  и  за  финансиските  средства
                          исплатени за тоа,
                       −  Список  на  лица  ангажирани  како  надворешни  соработници,  со  податоци за  нивните
                          финансиски исплати од страна на Агенцијата за филм,
                       −  Податоци за склучени договори на Агенцијата за филм со продукциски куќи и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.


                       o  Општини:
                       −  Листа  на  сите  установи  од  областа  на  културата  во  општината  со  контакт  податоци
                          (седиште, електронска адреса, лице за контакт),
                       −  Листа на директори на установите од областа на културата во општината со биографија,
                       −  Листа на членови на одборите во установите од областа на културата во општината со
                          биографија на членовите,
                       −  Извештаи за работа на директорите на установите областа на културата,
                       −  Статистички податоци за работата на установите од областа на културата и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Установи од областа на културата:
                       −  Биографија на директорот,
                       −  Биографија на членовите на одборите,
                       −  Извештај за работа на установата,
                       −  Извештај за работа на директорот,
                       −  Извештај за работа на одборите,
                       −  Статистички податоци за работата на установата и за буџетот на установата и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.


               4.27.Област - ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО


                    Не се добиени информации за поднесените барања за информации од јавен карактер во
                    областа на информатичкото општество.


                    Во насока на доследна имплементација на законот, во областа информатичкото општество
                    освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
                    треба да ги објават и најмалку следниве информации:

                                                             64
   60   61   62   63   64   65   66   67   68   69   70