Page 64 - Упатство
P. 64
Во насока на доследна имплементација на законот, во областа културата, освен податоците кои
се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба да ги објават и
најмалку следниве информации:
o Министерство за култура:
− Национална стратегија за култура,
− Извештај за реализација на националната стратегија,
− Средства потрошени за реализација на активностите од Националната стратегија,
− Листа на сите установи од областа на културата во државата со контакт податоци
(седиште, електронска адреса и контакт лице),
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за надоместок за основање
на културни установи,
− Дотации од буџетот за секоја од установите од областа на културата,
− Општински средства за финансирање на установите од областа на културата,
− Листа на директори во институциите и установите од областа на културата со нивни
биографии,
− Листа на членови на одборите за управување во институциите и установите од областа
на културата со нивни биографии и надоместоци,
− Годишни програми на националните установи за култура,
− Годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес по одделни
области и активности,
− Постапка и документи за пријавување на годишните огласи,
− Листа на одобрени за финансирање како и на одбиени проекти со содржина на самите
проекти кои се одобрени и одбиени,
− Извештај за реализација на одобрените проекти како и за финансиските средства
исплатени за тоа,
− Листа на недвижното и подвижното културно наследство,
− Извештај за обезбедени и потрошени средства за заштита на културното наследство со
податоци за средства за секое од културните наследства и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Управа за заштита на културното наследство:
− Листа на одобрени проекти за финансирање како и на одбиени проекти со содржина на
самите проекти кои се одобрени и одбиени,
− Извештај за реализација на одбраните проекти како и за финансиските средства
исплатени за тоа,
− Листа на недвижното и подвижното културно наследство,
− Извештај за обезбедени и потрошени средства за заштита на културното наследство со
податоци за средства за секое од културните наследства,
− Извештај за преземени активности во однос на културното наследство во УНЕСКО
регионот,
− План за преземање активности за заштита на културното наследство во УНЕСКО
регионот и
63