Page 74 - Упатство
P. 74
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
стекнување на дозвола за посебен линиски превоз,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
стекнување на дозвола за меѓу општински линиски превоз,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
стекнување на дозвола за меѓународен линиски превоз,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
стекнување на сертификат за превоз во меѓународен сообраќај,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
полагање за возач,
− Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
полагање на испит за добивање на уверение за положен испит за професионална
компетентност во патниот сообраќај,
− Статистички податоци во однос на бројот на возила во државата (вид, марка, година на
производство и др.) и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.34.Област - ЖИВОТНА СРЕДИНА
Од добиените податоци, во областа на животната средина се барани следните информации:
− Елаборати, студии и друга документација за оценка и стратешка оценка на влијанија врз
животната средина,
− Елаборати и друга документација за мали хидро електрани,
− Податоци од мониторинг на амбиенталниот воздух,
− Извештај за управување со заштитени подрачја,
− Извештај за управување со отпад,
− Извештај за состојбата на животната средина во општина,
− Статистика за извршени инспекциски надзори за животна средина,
− Извештаи од извршени инспекциски надзори за животна средина,
− Статистика за кривични постапки за животна средина,
− Статистика за изречени глоби во врска со животна средина,
− Програма за животна средина од општините/ Локален акционен план за животната
средина, како и извештај за реализација на програмата/ плански и стратешки документи
од животна средина,
− План и програма за управување со отпад, листа на субјекти надлежни за управување со
отпад,
− Извештај за реализација на План за управување со светското Природно и културно
наследство за Охридскиот регион,
− Информации за предвидена и реализирана сеча на дрва, информации за отстранети
дрва,
− Издадени решенија за сечење на стари дрва,
− Изготвени/планирани конкретни проекти за заштита на животната средина,
− Статистички податоци за загадување во општината,
− Записници за извршени инспекциски надзори за животна средина,
73