Page 70 - Упатство
P. 70

4.30.Област - МЕДИУМИ



                   Не се добиени информации за поднесените барања за информации од јавен карактер во
                   областа на медиумите.

                   Во насока на доследна имплементација на законот, во областа медиуми освен податоците кои
                   се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба да ги објават и
                   најмалку следниве информации:

                       o  Министерство за информатичко општество и администрација:
                       −  Статистички податоци за сите средства исплатени од Буџетот на РСМ на медиумите по
                          сите основи (реклами, објавување на јавни огласи, избори и др) и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Агенција за аудиовизуелни и медиумски услуги:
                       −  Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за упис
                          во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги,
                       −  Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за упис
                          во Регистарот на радиодифузери,
                       −  Постапка, потребни документи, надомест и жиро сметка за плаќање на надомест за
                          издавање на дозвола за телевизиско или радио емитување,
                       −  Извештаи од надзорот на работата на медиумите и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  ЈП Македонска радио телевизија:
                       −  Годишен буџет на ЈП МРТ,
                       −  Извештај за потрошени средства и за реализирани активности на ЈП МРТ и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.


               4.31.Област - ГРАДЕЖНИШТВО


                   Од добиените податоци, во областа на градежништвото се барани следните информации:
                       −  Записник од извршен инспекциски надзор кој се однесува на градба,
                       −  Информации за правната состојба (легалноста) со конкретни објекти,
                       −  Решенија од извршени инспекциски надзори во конкретни објекти,
                       −  Решенија за отстранување на конкретни објекти,
                       −  Податоци во врска со вработените во ДИГУ,
                       −  Податоци во врска со постапката за избор на директор на ДИГУ,
                       −  Законски  и  подзаконски  акти  од  областа  на  урбанизмот  и  градежништвото  и  нивни
                          измени,
                       −  Листа од издадени Одобренија за градење во одреден период на ниво на општина,

                                                             69
   65   66   67   68   69   70   71   72   73   74   75