Page 63 - Упатство
P. 63
4.26.Област – КУЛТУРА
Од добиените податоци, во областа на културата се барани следните информации:
− Статут на установите од областа на културата,
− Буџет и финансиски извештаи на установите од областа на културата,
− Број на вработени разделени по различни категории
− Податоци за плати на вработените во установите од областа на културата,
− Информации за опремата со која располага установата,
− Информации за реализирани проекти во установите од областа на културата,
− Информации за донаторски проекти во установите од областа на културата,
− Постапка и документација поврзана со избор на директори на установите од областа на
културата,
− Документи поврзани со работата на Националната комисија за управување со светското
природно и културно наследство во Охридскиот регион,
− Податоци за потрошени буџетски средства за културни манифестации,
− Изготвени елаборати што се однесуваат на споменици, спомен-обележја, скулптурални
композиции и скулптури изработени од Работната група за изработка на Анализа за
реализацијата и последиците од т.н. „Проект Скопје 2014“,
− Информации за постапката, критериумите, евалуацијата и резултатите од спроведени
конкурси во областа на културата,
− Целокупна документација за јавни набавки во установите од областа на културата,
− Список на лица ангажирани како надворешни соработници, со податоци за нивните
финансиски исплати од страна на Агенцијата за филм,
− Податоци за склучени договори на Агенцијата за филм со продукциски куќи,
− Записници од седници на управни и надзорни одбори на установите од областа на
културата,
− Начин на спроведување на реаудицијата за актерите,
− Информации за членови, биографии и надоместоци на управни и надзорни одбори во
установите од областа на културата,
− Вкупен број на вработени и ангажирани уметници,
− Информации во врска со Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција,
санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од
областа на културата,
− Информации за начинот на утврдување на платите на културните работници,
− Фонд на книги по библиотеки,
− Извештај за преземени активности во однос на културното наследство во УНЕСКО
регионот,
− План за преземање активности за заштита на културното наследство во УНЕСКО
регионот,
− Податоци за број на посетители на културни институции,
− Податоци за број на посетители на културни манифестации и
− Информации за цени во културните институции.
62