Page 38 - Упатство
P. 38
− Статистички податоци за откупни цени на сите земјоделски култури,
− Статистички податоци за производство на земјоделски култури во обем и вредност,
− Статистички податоци за трговија на земјоделски производи,
− Податоци за областите на стручна помош од Агенцијата за поттикнување на развојот на
земјоделството како и постапка за добивање на стручната помош,
− Статистички податоци за помошта која ја има дадено Агенцијата на земјоделските
стопанства и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.15.Област – ШУМАРСТВО
Од добиените податоци, во областа на шумарството се барани следните информации:
− Биографија и надоместоци на членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП
Национални шуми,
− Извештаи за пожари на шумски предели,
− Извештаи за реализација на програми и мерки,
− Податоци за издадени дозволи за движење низ шуми,
− Податоци за издадени дозволи за собирање на други шумски производи,
− Податоци за издадени одобренија за сеча,
− Податоци за шумски површини,
− Постапка и потребни документи за добивање одобрение за сеча и
− Статистички податоци за цени на огревно дрво.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на шумарството,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за земјоделство:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на поддршка за инвестиции за зголемување на економската вредност на
шумите,
− Извештај за доделена поддршка за инвестиции за зголемување на економската
вредност на шумите со листа на субјекти на кои им е доделена оваа поддршка,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на поддршка за инвестиции за инфраструктура во шумарството,
− Извештај за доделена поддршка за инвестиции за инфраструктура во шумарството со
листа на субјекти на кои им е доделена оваа поддршка,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за копачење и трајна пренамена на шумите,
− Општ план за стопанисување со шумите,
− Состав на Националниот советот за шумарство со кратки биографии на членовите,
− Планови за стопанисување со шумите,
37