Page 3 - Секретаријат за законодавство
P. 3
ПРИРАЧНИК ЗА ТРАНСПОНИРАЊЕ НА
ПРАВОТО НА ЕУ ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во рамките на Твининг проектот за приближување на за ко но дав ство
то во областа на внатрешниот пазар, кој е финансиран од страна на
Европската агенција за реконструкција и развој, реализиран во пе
риодот 2004/2005 година меѓу Република Словенија и Ре пуб ли ка Ма
кедонија, Секретаријатот за законодавство во рам ки те на Владата на
Република Македонија и Канцеларијата за за ко но дав ство при Влада
та на Република Словенија создадоа При рач ник за начинот на транс
понирање на законодавството на ЕУ во македонското законодавство,
и врз основа на искуствата на Ре пуб лика Словенија и ситуацијата во
Република Македонија во процесот на усогласување на национално
то законодавство и во очекување на статусот земја кандидат за ЕУ.
Во 2008 година, Секретаријатот за законодавство го изработи и
објави второто издание на Прирачникот за транспонирање на за
ко нодавството на ЕУ во македонското законодавство. Во 2010 го
ди на беше објавено третото издание, што беше резултат на стекна
тите практични искуства во текот на транспонирање на европско
то законодавство во законодавството на Република Македонија.
Особена чест и задоволство ми е што сега, шест години по прет
ставувањето на третото издание на Прирачникот, ви го претставувам
четвртото издание, во кое се содржат пренесените искуства во про
цесот на транспонирање на законодавството на земјите член ки на Ев
ропската унија, како што се Полска и Хрватска, во рам ки на Твининг
проектот „Понатамошно зајакнување на органи за цис ки те и инсти
туционалните капацитети за процесот на европската ин теграција“,
како и новостекнати практични искуства на Секре та ри ја тот за зако
нодавство во процесот на транспонирање на за ко но давството.
Процесот на транспонирање на законодавството подразбира
вклу чување односно усвојување на европското законодавство во
националните правни акти од една страна; а од друга страна, при
ближување на законодавството на Република Македонија со зако
нодавството на ЕУ. Овој процес не беше и не е лесен, проследен
е со голем број дилеми и прашања, а во исто време претставува
кон тинуирано учење од искуствата на земјитечленки. Процесот
на усвојување на законодавството на ЕУ е фаза во која законодав
ството на Република Македонија ги инкорпорира правните акти
1