Page 78 - Упатство
P. 78

4.37.Област - ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА



                   Не  се  добиени  информации  за  поднесените  барања  за  информации  од  јавен  карактер  во
                   областа на европските прашања.

                   Во насока на доследна имплементација на законот, во областа на европските прашања освен
                   податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба
                   да ги објават и најмалку следниве информации:

                       o  Секретаријат за европски прашања:
                       −  Национална програма за усвојување на правото на ЕУ,
                       −  Преговарачки тимови кои ќе учествуваат во процесот на преговори со ЕУ,
                       −  Извештај за реализација на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ,
                       −  Финансиски трошоци (патувања, сместување, дневници) за преговарачките тимови,
                       −  Податоци за процесот на преговори со ЕУ,
                       −  Податоци за инструментите за поддршка и ЕУ проектите кои се реализирани и кои се во
                          тек со податоци за потрошени средства и реализирани активности,
                       −  Постапка,  потребни  документи,  обрасци  на  апликации  за  отворени  повици  за
                          финансирање од страна на ЕУ и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.

                       o  Министерства:
                       −  Податоци за усогласеноста на законите со правото на ЕУ,
                       −  Извештај  од  состаноците  на  министерството  за  претставници  на  ЕУ  во  процесот  на
                          преговори за пристап,
                       −  Податоци за инструментите за поддршка и ЕУ проектите кои се реализирани и кои се во
                          тек со податоци за потрошени средства и реализирани активности во министерството и
                       −  Други  информации  и  податоци  кои  произлегуваат  од  надлежностите  и  работата  на
                          институцијата.
























                                                             77
   73   74   75   76   77   78   79