Page 77 - Упатство
P. 77
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.36.Област - СОРАБОТКА МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ И СООДВЕТНА И
ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ
Од добиените податоци, во областа на соработката меѓу заедниците и соодветната и правична
застапеност се барани следните информации:
− Податоци за етничката структура на вработените,
− Податоци за етничката структура на раководните органи (раководни позиции, управни
и надзорни одбори),
− Податоци за етничка структура на корисници на услугите на институцијата,
− Дали постоеле повици за граѓански организации и колку средства се доделени за
спроведување на проекти за соработка меѓу заедниците и соодветна и правична
застапеност,
− Информации за вкупен број на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни
групи и нивни контакт броеви и адреси,
− Извештај за имплементација на Законот за употреба на јазиците според Инспекторатот
за употреба на јазиците,
− Информација кои институции имаат повеќе недостатоци при примената на Законот за
употреба на јазиците и информација за изречени глоби и
− Информација за пристигнати претставки до Инспекторат за непочитување на албанскиот
јазик од институции.
Во насока на доследна имплементација на законот, во областа на соработката меѓу заедниците
и соодветната и правична застапеност освен податоците кои се законски минимум и кои
задолжително се објавуваат на веб страните треба да ги објават и најмалку следниве
информации:
o Министерство за животна средина и просторно планирање:
− Активности на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците во
поглед на имплементација на Охридскиот рамковен договор,
− Извештај за потрошени средства за реализација на активности поврзани со Охридскиот
рамковен договор,
− Статистички податоци за застапеноста на припадниците на заедниците на ниво на
институции,
− Статистички податоци за примената на Законот за употреба на јазиците и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
76