Page 51 - Упатство
P. 51
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.21.Област - СПОРТ
Од добиените податоци, во областа на спортот се барани следните информации:
− Биографија и надоместоци на членовите на управните и надзорните органи во ЈП за
стопанисување со спортски објекти,
− Извештаи за реализација на поединечни програми и мерки од страна на Агенцијата за
млади и спорт
− Извештаи од реализиран инспекциски надзор во Агенцијата за млади и спорт,
− Листа на носители на спортски пензии,
− Листа на спортски федерации,
− Целокупна документација за јавни набавки во Агенцијата за млади и спорт и
− Цени на услуги во спортските објекти.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на спортот, освен
податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба
да ги објават и најмалку следниве информации:
o Агенција за млади и спорт:
− Регистар на спортски објекти во државна и општинска сопственост,
− Договори за концесии на спортските објекти во државна и општинска сопственост,
− Извештај за состојбата на спортските објекти во државна и општинска сопственост,
− Извештај за трошоците за одржување на спортските објекти во државна и општинска
сопственост,
− Податоци за сите спортски федерации,
− Статистички податоци за работа на спортските федерации,
− Финансиски извештаи и извештаи за работа на спортските федерации,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање финансиска поддршка и надоместоци на спортските федерации,
спортските клубови и спортистите,
− Извештај за доделена финансиска поддршка и надоместоци на спортските федерации,
спортските клубови и спортистите,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за полагање на испит за добивање лиценца за вршење на работи на управување од
областа на спортот,
− Статистички податоци за доделените спортски пензии,
− Статистички податоци во врска со управувањето на спортските објекти и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
50