Page 55 - Упатство
P. 55
− Статистички податоци за средства од буџетот за покривање на потребите на Фондот за
пензиско и инвалидско осигурување,
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.24. Област - СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Од добиените податоци, во областа на социјалната заштита се барани следните информации:
− Број на корисници на социјална помош по родова поделба,
− Број на стари лица кои имаат потреба од негувателки,
− Број на лица со попреченост кои имаат потреба од лична асистенција,
− Број на лица/семејства од социјално ранливи групи на кои во време на вонредна
состојба им е доделен хуманитарен пакет,
− Список на лица од социјално ранливи семејства од Ромската заедница кои немаат
добиено помош,
− Информации за постапки за остварување право на постојана парична помош,
− Број на предмети кои чекаат решенија и број на поднесени жалби по основ на негативни
решенија за Нега од друго лице, Гарантирана минимална помош, Детски додаток и
Социјална помош,
− Информации за поднесени и прифатени барања за права на парична помош од
социјална заштита за сите странки и посебно за лица од Ромска заедница,
− Информации / податоци за азиланти, нивниот број во прифатилишта, назначени
старатели, колку од нив се малолетни и влијанието на ковид-19 во сместувачките
капацитети,
− Информации за социјални права и услуги кои ги користат странците со регулиран престој
во земјата,
− Информации и број на доделени визи од хуманитарни причини за влез во РСМ по основ
на баратели на азил и обединување на семејства,
− Информации и број на случаи поврзани со кривично дело трговија со луѓе и трговија со
дете (бр. на жртви и сторители, пол, возраст),
− Информации за самохрани родители и едно родителски семејства за права на парична
помош од социјална заштита и услуги од социјална заштита,
− Информации за постапка и потребни документи за ставање под старателство лице кое
е сместено во геријатриски установа,
− Информации од Служба за социјално вклучување на лица во ризик, за старатели на не
придружувани деца – странци,
− Листа на Службите во ЈУМЦСР и нивниот број,
− Информации за постапка за остварување на право на Гарантирана минимална помош,
− Информации колку лица имаат добиено согласност за самостојно вршење на работи од
социјална заштита како професионална дејност,
− Статистички податоци за број на случаи на насилство врз жени, лица со попреченост и
емоционална злоупотреба,
− Информации за добиени донации,
− Информации за остварување на право на Гарантирана минимална помош од Службите
во општините при ЈУМЦСР,
54