Page 54 - Упатство
P. 54
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на трудот, освен
податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните треба
да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за труд и социјална политика:
− Листа на репрезентативни синдикати со контакт податоци,
− Листа на колективни договори,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за користење на мерки на Агенцијата за вработување,
− Извештај за одберени мерки на Агенцијата за вработување со податоци на корисниците,
како и одобрените средства и други поволности,
− Податоци за вработени и невработени лица во државата,
− Податоци за профилот на вработените и невработените лица
− Податоци за активностите на МТСП и АВРМ со МОН и образовните и високо образовните
установи за обезбедување на дефицитарен кадар,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за остварување на правата од пензиско осигурување,
− Податоци за средствата со трите столбови на пензиско осигурување,
− Податоци за средства од буџетот за покривање на потребите на Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување,
− Постапка и обрасци за пријавување на прекувремена работа,
− Постапка и обрасци за пријавување на незаконитости кај работодавачите,
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Агенција за вработување:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за користење на мерки на Агенцијата за вработување,
− Статистички податоци одберени мерки на Агенцијата за вработување со податоци на
корисниците, како и одобрените средства и други поволности,
− Статистички податоци за вработени и невработени лица во државата (по пол, возраст,
образование и др.),
− Статистички податоци во врска со користење на правата од осигурување во случај на
невработеност,
− Податоци за активностите на МТСП и АВРМ со МОН и образовните и високо образовните
установи за обезбедување на дефицитарен кадар,
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
o Фонд за пензиско и инвалидско осигурување:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за остварување на правата од пензиско осигурување,
− Статистички податоци за пензионерите (платна група, пол, возраст и др.)
− Статистички податоци за статусот со средствата во трите столбови на пензиско
осигурување,
53