Page 47 - Упатство
P. 47
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.20.Област – ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Од добиените податоци, во областа на образованието и науката се барани следните
информации:
− Податоци од област на набавки на учебници,
− Податоци за спроведени јавни набавки во образованието,
− Податоци за направени инвестиции во образовните установи,
− Податоци од областа на човечки ресурси, број на вработени, вид на кадар во
образовните установи,
− Записници од извршени инспекциски надзори на Државен просветен инспекторат,
− Податоци за новата Концепција за родова сензитивност и нејзината содржина, состав на
работна група која ја изработувала концепцијата,
− Податоци за вработени на кои им престанал работниот однос, нови вработувања,
преземања, ангажирани по авторски договори наведени по звање и образование во
образовните установи,
− Податоци за запишани ученици во основни и средни училишта, број, приказ по етнички
и родови основи,
− Број на дипломирани студенти на додипломски студии, постдипломски и докторски
студии,
− Број на ученици со попреченост,
− Број на студенти со попреченост,
− Податоци за начинот и условите за спроведување на ковид протоколите за работа на
образовните установи,
− Информации за дигитални уреди на располагање во училиштата, дигитални платформи
за учење,
− Информации за опременоста на училниците во основните и средните училишта,
− Состојба на училиштата со интернет конекција,
− Информации за степенот на користење на е-дневник,
− Податоци од областа на јавните набавки во научните и високообразовните установи,
− Податоци од областа на човечки ресурси, број на вработени, вид на кадар во
високобразовните и научните установи,
− Извештаи на МАНУ и
− Информации за надлежностите на МАНУ и организациската структура.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на образованието,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за образование и наука:
− Листа на сите основни училишта со контакт податоци (седиште, електронска адреса,
лице за контакт),
46