Page 53 - Упатство
P. 53
4.23. Област - ТРУД
Од добиените податоци, во областа на трудот се барани следните информации:
− Записник и решение од извршен инспекциски надзор од трудовите инспектори,
− Статистика за несреќи на работно место,
− Документи од постапка за управен спор и одлука за извршување на пресуда,
− Број на вработени лица Роми,
− Податоци за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и
податоци за половата структура и степенот на образование на вработени лица,
− Број на невработени лица по општини,
− Барања за корисници на активни мерки и нивна искористеност,
− Корисници на права од посебен фонд за вработување,.
− Број на вработени кај деловни субјекти по општини
− Информации за условите за спроведување на докуп на стаж,
− Информации за условите за спроведување на прием во осигурување,
− Број на поднесени барања за спроведување на докуп на стаж,
− Информации за услови за остварување право на старосна пензија,
− Информации за условите за евидентирање на податоци за стаж на осигурување во
евиденцијата на Фондот,
− Информации за начинот на пополнување на податоците во МПИН образецот за стажот
на осигурување кој се смета со зголемено траење,
− Информации за промена на податоците за работните часови по кои е спроведен
приемот во осигурување,
− Број на пензионери, просечен износ на пензија и просечна возраст по општини,
− Број на инвалиди на трудот по општини,
− Податоци за износите на платите во Фондот на ПИОСМ,
− Правилник со кој се регулирани работните места каде што стажот на осигурување се
смета со зголемено траење,
− Податоци за деловниот простор со кој располага Фондот на ПИОСМ,
− Статистички податоци за деца корисници на семејна пензија по временски периоди,
− Број на корисници на пензија според полот и износи на примени пензии,
− Информации за начинот на пресметка на пензиската основа за определување на
износот на пензија за вработени во МВР и АРМ,
− Статистички податоци за бројот на приматели на минимална пензија,
− Статистички податоци за просечен износ на исплатени пензии разделени по пол,
− Број на пензионери и инвалиди на трудот за кои Фондот на ПИОСМ врши запирање на
дел од пензијата за членарина и посмртна помош,
− Целокупна документација за јавни набавки,
− Информации за начинот на пресметка на највисокиот износ на пензија и
− Информации за бројот на распределени лица според програмата К-5 во Фондот на
ПИОСМ и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
52