Page 40 - Упатство
P. 40
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на жиг за сеча на стебла во државна шума,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на одобрение за сеча на стебла во сопствена шума,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на решение за вршење на промет на дрво и дрвни сортименти,
− Листа на субјекти кои добиле дозвола за промет со дрво и дрвни сортименти,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола за извоз на техничко огревно дрво и целулозно дрво,
− Листа на субјекти кои добиле дозвола за извоз на дрво и количини кои се извезуваат,
− Извештаи за извршени мониторинзи во шумите,
− Статистички податоци за издадени дозволи за движење низ шуми,
− Статистички податоци за издадени дозволи за собирање на други шумски производи,
− Статистички податоци за издадени одобренија за сеча,
− Статистички податоци за шумски површини и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
4.16.Област – ВОДОСТОПАНСТВО
Од добиените податоци, во областа на водостопанството се барани следните информации:
− Биографија на членовите на управните и надзорните органи,
− Податоци за акумулационите капацитети,
− Податоци за достапната водоводна мрежа,
− Податоци за загадувачи на води,
− Податоци за извршени инспекциски надзори,
− Податоци за квалитет на вода за пиење,
− Податоци за начинот на решавање на отпадните води,
− Податоци за степенот на покриеност на водоводна мрежа за домаќинствата,
− Трошоци за членови на управните и надзорните органи и
− Целокупна документација за јавните набавки.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на
водостопанството, освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се
објавуваат на веб страните треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за земјоделство:
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на поддршка за инвестиции за инфраструктура во водостопанството,
− Извештај за доделена поддршка за инвестиции за инфраструктура во водостопанството
со листа на субјекти на кои им е доделена оваа поддршка и
− Други информации и податоци кои произлегуваат од надлежностите и работата на
институцијата.
39