Page 44 - Упатство
P. 44
4.19.Област - ЗДРАВСТВО
Од добиените податоци, во областа на здравството се барани следните информации:
− Биографија и надоместоци на членовите на управните и надзорните органи на
здравствените установи.
− Информации за реализација на Програмата за активна здравствена заштита на мајките
и децата,
− Информации за реализација на Програмата за рана детекција на малигни заболувања,
− Информации за реализација на Програмата за систематски прегледи на ученици и
студенти,
− Информации за степенот на пристапност во објектите и апаратите за лица со
попреченост,
− Податоци за вработени медицински лица по категории,
− Податоци за реализирани програми за стручно усовршување на медицинскиот
персонал.
− Податоци за третманот на пациенти заболени од КОВИД-19 (број на пациенти на
кислородна и вентилаторна (респираторна) поддршка, број на ангажиран медицински
персонал, потрошени лекови, потрошени останати средства, направени трошоци),
− Статистички податоци за број и вид на извршени медицински услуги,
− Статистички податоци за број на заболени / починати од КОВИД-19,
− Статистички податоци за број на заболени / починати од малигни заболувања,
− Статистички податоци за број на пациенти, нивната возраст, пол и заболување,
− Статистички податоци за вработувањата, бројот на вработени, плати во здравствените
установи,
− Статистички податоци за извршени систематски прегледи,
− Статистички податоци за капацитетите за хоспитализација на пациенти и бројот на
хоспитализирани пациенти,
− Статистички податоци за морталитет по различни основи,
− Статистички податоци за просечен број на болнички денови по пациенти и
− Целокупна документација за јавни набавки.
Во насока на доследна имплементација на законот, институциите од областа на здравството,
освен податоците кои се законски минимум и кои задолжително се објавуваат на веб страните
треба да ги објават и најмалку следниве информации:
o Министерство за здравство:
− Постапка и потребни документи за акредитација на здравствени установи,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за добивање на дозвола основање на здравствена установа,
− Постапка и потребни документи за именување на директор и управен одбор на
здравствена установа,
− Постапка, потребни документи, надоместок и жиро сметка за плаќање на надоместокот
за полагање испит и добивање на лиценца за работа на здравствените работници и
соработници,
43