Петок, 08.03.2019 година. И оваа година во Секретаријатот за законодавство беше одбележан светскиот ден на жената, на тој начин што неколку дена претходно колегите и колешките од Секретаријатот за законодавство доброволно донираа и собраа средства со кои беа набавени прехрамбени производи и истите во соработка со Здружението за помош на бездомници социјално загрозени семејства и поединци Љубезност-Скопје беа донирани на социјално загрозени семејства. Се донираше храна во вредност од околу 5000 денари со кои се направија 10 големи пакети. Голема благодарност до вработените "Љубезност" за нивната помош во насочувањето на донацијата на оние кои навистина им е потребна

Photo 2 of 5 in Љубезност - 8ми Март | Mirësjellje – 8 Marsi