Recent Albums
Галерија од Настани
Избор / СЗ Скопје
Конференцијата „Општествените промени во глобалниот свет“ по 12. пат на Правен факултет при УГД
// МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВО КРЕИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРАВОТО //
// АПСТРАКТ //
Предмет на истражување на овој труд се можностите и предизвиците од користење на Вештачката интелегенција (ВИ) во креирање и имплементација на правото, кои се наметнуваат не само во земјите во кои примената на ВИ е реалност во повеќе различни области, но и во земјите кои ги прават првите чекори на ова поле. Последните неколку години во Европската унија се преземаат активности за дефинирање на правилата и принципите кои треба да се почитуваат во користење на ВИ како во областа на бизнисот така и во јавниот сектор, кои овозможија донесување на Регулативата за вештачка интелегенција( 32024Р1689) . На ова поле постојат активности и од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој во мај 2024 година ја усвои Рамковната Конвенција за вештачката интелегенција и човекови права, демократија и владеење на правото, кон која одлучи да пристапи и нашата земја. Овој труд ќе ги анализира областите на правото, но и можностите и различните предизвици во однос на користење на ВИ, при што ќе ги анализира особено ризиците во областа на креирањето на политиките и правото, областа на практицирање на правото, но и во имплементацијата на правото врз бизнисот и граѓаните. Потребата од утврдување на принципи и правила за користење на ВИ во правото, произлегува од голем број на прашања во однос на обезбедување на правна сигурност, но и заштита на основните човекови права во однос на недискриминација, заштита на приватноста, заштита на личните податоци, слобода на говор и изразување на мисла, но и во однос на безбедноста и суверенитетот на државите. Поради тоа, потребно е во контекст на донесената Регулатива за вештачка интелегенција, да се разграничат областите на правото во кои постои помал ризик и поголем бенефит за користење на ВИ, како и можните ограничувања , но и предуслови кои треба да ги обезбеди секоја земја , со цел побезбедно кристење на ВИ
Оливера НЕЧОВСКА
Доктор по правни науки од областа на правото на Европската унија, Секретар на Секретаријатот за законодавство на Република Северна Македонија
Е - маил: olivera.nechovska@gmail.com.