Recent Albums
Галерија од Настани
Избор / СЗ Скопје
Одржана работилница за усогласување ставови за единствена методологија за пишување закони. Учествуваа претставници на извршната и на законодавната власт. Изминативе два дена на подготовката на предлог-одлука за номотехнички правила за изготвување закони и други прописи работеа пратеници и пратенички на Собранието, членови на службата, како и претставници на Секретаријатот за законодавство.
Во работилницата, чие што одржување го помогна „Програмата за парламентарна поддршка“ финансирана од Швајцарија, учествуваа национални експерти, а беа споделени и искуства од хрватскиот Сабор. Дел од заклучоците што произлегоа од работилницата се дека квалитетно изготвување закони подразбира: знаење за пишување правни прописи; следење правила за структура на прописи; внатрешна поделба; содржина на различни делови од закони; правилата за изменување и дополнување закони; јазик, стил на пишување, терминологија и слично. Законите што на ваков начин се структурирани и формулирани се поразбирливи и попрецизни, а нивните последици се попредвидливи за граѓаните.
Собрание на Република Северна Македонија
Embassy of Switzerland in North Macedonia
NDI North Macedonia
National Democratic Institute
Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje
Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management