Понатaмошно зајакнување на институционалните и организационите

  • Проектот беше организиран од Секретаријатот за европски прашања, а Секретаријатот за законодавство беше носител на една од компонентите на Проектот. Партнери на проектот беа соодветни институции од Германија, Полска и Хрватска.

    Активности кои Секретаријатот ги реализирање, а произлегуваа од Твининг проектот:

    - постојано учество во формираната меѓуресорска работна група за анализа на законодавната процедура и квалитет на законодавството (МЛЕГ)

    - изготвена Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за востановување на ознака на прописите на Европската унија во подзаконските прописи со кои се врши усогласување со правото на Европската унија и објавена во („Службен весник на Република Македонија“ бр.121/16).

    - извршена ревизија (четврто издание) на Прирачникот за транспонирање на законодавството на ЕУ во законодавството на РМ, во насока на дополнување на истиот со полското и хрватското искуство, како и дополнување или измени во насока на вградување на нови искуства и согледувања кои произлегуваат од секојдневната работа при процесот на транспозиција.

    - одржување на обуки за 500 државни службеници за процесот на усогласување на законодавството согласно ревидираниот прирачник (почеток на април).

    - зајакнување на координацијата помеѓу СЕП и СЗ (известување по однос на правни акти пријавени во НПАА).

    Препораки од експертите

    Зголемување на бројот на вработените

    Намалување на обемот на работа на СЗ (односно давање на стручни мислења само по однос на правни акти , не и по информации).