Recent Albums

Четврток, 08.03.2018 год. беше одбележан светскиот ден на жената со претпознатливиот стил на купување и подарување подароци наменети за женската популација. Неколку дена претходно не контактираа од Секретаријатот за законодавство и изразија желба наместо да си купуваат и подаруваат меѓусебно подароци со колешките, да ги употребат парите во купување на прехранбени производи и истите да ги подарат на „Љубезност“, односно да бидат однесени на социјално загрозени семејства. Ветувањето се исполни, се донираше храна во вредност од околу 4000 ден и се направија 8 големи пакети. Голема благодарност до вработените од Секретаријатот за законодавство, за нивната несебичност и на дело покажана хуманост.